Мансел: Хамилтон сеуште не е во форма

Поранешниот Формула 1 шампион, Најџел Мансел, верува дека Џорџ Расел треба да добие шанса во Мерцедес и да се заборави малку на Луис Хамилтон. 

Расел е на четврта позиција додека Хамилтон е на шеста во шампионатот што е прв пат седумкратниот поранешен првак да биде поназадод својот колега. Расел покажа неверојатна константност во првата сезона со Мерцедес и се приспособи брзо на болидот. Мансел во своето интервју зборуваше за најголемите таленти на спортот. 

Тоа се Џорџ Расел и Ландо Норис. Мислам дека Џорџ има шанса да порасне се додека Луис не ја тргне прашината од десната нога. Тоа му е лесно годинава, Тој е одличен и мислам дека и Ландо има одлични перформанси.

Гледаме одличан борба кај конструкторите и зголемување на конкуренцијата. Мекларен еднаш ги има еднаш не, Но мислам дека од наредната трка ќе се вратат. Имаме три тимови напред, Ферари, Ред Бул, а сега и Мерцедес. Тие се борат за подиум – посочи британецот.

Тој се присети на различнсота во сезоните кога тој возел во Формула 1 и денешната Формула 1 каде тимовите имаат моќен партнер за да имаат успех. 

Кога возев за големиот Колин Чепмен тој ми беше како татко. никогаш нема да го заборавам кога зборуваше дека тој води цел тим од 100 луѓе и им дава плати на возачите и вработените околу 3 милиони фунти.

Сега се работи за многу повеќе. Целото лице на Формула 1 е променето и доколку немате голем и моќе партнер, нема да успеете.

Нема повеќе претприемачи како Колин, Тајрел и слични. Во Формула 1 кога ќе паднеш тешко е да се вратиш и тоа бара напорна работа за да стигнеш кај што си бил. Тешко е за малите тимови доколку немаат силни буџети. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ