Марио Андрети го поддржува Шумахер за враќање на гридот

Марио Андрети го поддржа Мик Шумахер да се врати на постојано место во Формула 1 по неговата улога на резервен возач во Мерцедес.

По тешката година, Шумахер беше отпуштен од Хаас на крајот на 2022 година во корист на ветеранот Нико Хулкенберг. Обидот на 23 годишниот возач да продолжи во 2023 година беше попречен од прекумерната штета од несреќи и извонредните перформанси на повратникот во спортот, Кевин Магнусен.

Без расположливо тркачко место за 2023 година, на Шумахер му беше понудена улога на резервен возач во Мерцедес, што теоретски би можело да доведе до повик за трка доколку возач од тим со погон на Мерцедес е недостапен за трка во 2023 година. Целта на Шумахер е да стекне искуство од тимот кој има освоено осум од последните девет шампионати за конструктори, пред да се насочи кон враќање во 2024 година.

Шумахер беше поддржан од различни делови од светот на Ф1, а светскиот шампион од 1978 година Марио Андрети го поддржа младиот германец да се врати на трките со полно работно време во Ф1.

Сигурен сум дека некој ќе го земе – изјави Андрети.

Ваквите таленти не исчезнуваат. Мислам дека Мик енормно се подобри, особено во изминатата сезона. Нема сомнение за тоа.

Андрети исто така ја призна тежината на очекувањата околу неговото презиме, но додаде дека презимето на Шумахер е предност во секој поглед.

Мислам дека го носеше со многу гордост, без сомнение во тоа – заклучи Андрети.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ