Маркез се враќа: Целта е да имам добро чувство на патеката

Моторциклистот на Репсол Хонда, Марк Маркез се враќа на патеката во трката за Големата Награда на Португалија, соопшти неговиот тим.

По закрепнувањето од повредата на лактот, Маркез ќе му се придружи на неговиот соиграч Пол Еспаргаро во Портимао, кој со возбудлива трка дебитираше во календарот во 2020 година на шампионатот во Мото ГП. Трите Хонда тогаш ја завршија трката меѓу најдобрите 10, вклучувајќи ги Такаки Накагами и Стефан Брадл кои се бореа за подиумот и топ 5 позициите во поголемиот дел од трката.

Откако падна во трката за Големата Награда на Шпанија на 19 јули 2020 година и ја скрши коската на десната надлактица, Марк Маркез се соочи со долго закрепнување и компликации откако се обиде релативно брзо да се врати на патеката. Осумкратниот светски шампион сега доби одобрение да се врати на трките по деталните проценки на медицинскиот тим.

Уште еден медицински преглед од Маркез ќе се одржи непосредно пред излегувањето на патеката.

Целта на претстојниот викенд е Маркез да се врати во конкуренција и успешно да ја заврши трката, без да презема непотребни ризици, се со цел да има добро продолжение на сезоната – се вели во соопштението на тимот.

Шпанскиот мотоциклист е среќен што ќе се врати на патеката.

Се чувствувам одлично за враќањето во шампионатот. Работевме напорно за да стигнеме до ова, поминавме многу време во теретана, со мојот физиотерапевт Карлос. Ние исто така сакавме да возиме до Катар, но на крајот лекарите ме советуваа поинаку. Бев фокусиран само на слушање на советот на лекарот, следење на реакциите на моето тело и можност да се вратам на она што го сакам што побрзо. Имам мало искуство од Португалија, но целта викендов е да се снајдам добро и да се чувствувам добро. Чекор по чекор, се враќаме назад и тоа е многу добра вест по долго времее – изјави Маркез.

Тренингот во Португалија почнува во Петок во 10 часот, а трката е закажана за во Недела во 14 часот. Квалификациите се на програмата во Сабота, а комплетната акција од Портимао ќе може да ја следиме ексклузивно на каналите на Спорт Клуб.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ