Маркез целосно ја прифаќа казната за грешката во Португалија

Марк Маркез доби двојна казна со долг круг за Големата Награда на Аргентина следниот викенд поради неговиот удел во несреќата што го елиминираше Мигел Оливеира во Портимао.

Моторциклистот на Хонда имаше лош старт од пол позицијата и падна на четвртото место во воведниот круг на Големата Награда на Португалија, но сакаше да напредува во позициите со претекнување на Хорхе Мартин во свиокот 3 во третиот круг од 24 кругови на трката.

Шесткратниот светски првак претера додека закочи малку предоцна во кривината, притискајќи го Дукати-то на Мартин пред да удри директно во страната на второпласираниот Оливеира.

Застрашувачкиот удар ги елиминираше и двајцата на самото место, а Оливеира за среќа помина без повреда додека Маркез заработи фрактура на карпалниот дел во десната рака, принудувајќи го да се врати назад во Шпанија на медицински прегледи пред Аргентина следниот викенд.

На Маркез брзо му беше изречена двојна казна со долг круг доколку учествува во Аргентина за неговата улога во инцидентот, казна што беше повеќе од подготвен да ја прифати додека му се извини на Оливеира за неговата грешка во изјавата по трката.

Најпрво сакам да кажам дека ми е многу жал за Оливеира, неговиот тим и португалските навивачи бидејќи тоа беше негова трка – рече Маркез.

Направив навистина голема грешка денес, се разбира дека не ми беше намерата да се случи ова, мојата намера не беше ни да го престигнам Мартин во тој момент, но имав огромно блокирање со предниот дел.

Можеби предниот дел не беше целосно добар, ги пуштив сопирачките и моторот влезе внатре. Го избегнав Мартин, но имав контакт со Оливеира.

Веднаш отидов кај Мигел, а потоа во медицинскиот центар отидов да го проверам, за среќа изгледа дека е добро и тоа е најважното нешто.

Од моја страна имам болка во десната рака и коленото, но тоа во моментов не е толку важно.

Целосно ја прифаќам и почитувам казната од двоен долг круг за време на ГП на Аргентина затоа што направив грешка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ