Маркионе: Следно за Алфа е Индикар

Алфа Ромео се враќа во Формула 1 годинава преку Заубер, преку спонзорски и технички договор со екипата од Хинвил. Легендарниот бренд “брка“ зголемување на слабата продажба на своите автомобили, а првиот човек на Фиат Крајслер, Серџо Маркионе, најави дека тоа не е се од Алфа Ромео и моторспортот.

Маркионе, кој во исто време е и Претседател на Ферари лично го обмисли и одобри враќањето на брендот во кремот на моторспортот, а предложи и идеја уште еден “негов“ бренд, Масерат, да се поврзе на истиот начин со Хаас. Но, откако истото не беше реализирано, Маркионе се сврте накај американскта Индикар.

Зошо да не овозможиме Алфа Ромео да влезе во Индикар, размислуваме на таа тема. Џан Паоло Далара кој ги дизајнира и произведува шасиите за Индикар серијата по мене е великан, најдобар италијански инженер на денешницата.

Во меѓувреме, Претседателот за конкурентност и операции на Индикар, Џеј Фри, потврди дека голем број производители сакале влез во серијата, но одби да именува.

Последнит енеколку месеци од крајот на минатата сезона имавме многу состаноци со производители со цел нивно станување партнери на Индикар во иднина. Се сретнавме со 10тина, некои беа првични состаноци, а со некои подолго време се преговара.

Можам да потврдам дека ентузијазам и позтивиени вибрации псотојат и ние сме многу охрабрени. Тоа што се вративме на универзална аеродинамика отстрани голема техничка и финансиска пречка за потенцијален влез на некој производител. Нависинта имаме добри активности на тоа поле.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ