Марко бара да се ревидираат казните во спортот

Доктор Хелмут Марко смета дека Формула 1 треба одново да го ревидира системот на казни за возачите откако Александер Албон имаше контакт со Луис Хамилтон по кој ја заврши трката, а британецот доби 5 секунди казна за тоа.

едноставно, казната за хамилтон не беше фер. ако некој толку очигледно е виновен со казна од пет секунди останува поени, едноставно не е фер. без разлика дали заврши на 2ро или на 4то место, кому му е брига затоа што нашата трка целосно ја уништи.

имавме слична ситуација со него во бразил и тогаш исто борбата беше за 2ро место. и тогаш имаше сличен непромислен потег, така што го советувам да го промени пристапот – смета марко.

Добра вест за австриецот е што тимот е сигурен дека има одличен болид.

хонда го испорача тоа што го вети во однос на перформанси од моторот, а сега ние треба да решиме некои проблеми со балансот кои ги имаме на квалификациите. сигурен сум дека имаме потенцијал да ги победиме мерцедес.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ