Марко: Берни не успоруваше кога бевме најдобри

Хелмут Марко тврди дека кога Ред Бул го имале најбрзиот болид, се обиделе да ја сокријат формата бидејќи Берни Еклстон ќе најдел начин да ги забави.

Тимот доминираше помеѓу 2010 и 2013 година, освојувајќи ги титулите кај возачите и тимовите во секоја сезона од 4-годишниот период. Сепак, повеќе промени во правилата во 2014 година доведоа до изненадување од Мерцедес, кои пак ги освоија сите титули од тогаш. Годинава е истата приказна, а германската екипа е посилна од било кога.

Марко вели дека е изненаден што Мерцедес отворено ја демонстрира својата доминација, бидејќи доколку Ред Бул го сториле истото во нивните денови, Берни Еклстон и Макс Мозли ќе превземеле нешто против тоа.

Зошто Мерцедес толку јавно ја демонстрира својата супериорност?  Во нашите добри години, ние не возевме напред со толкава предност. Мозли и Берни ќе најдеа начин да не успорат веднаш, што пак и се случуваше често. 

Во однос на болидот годинава, може да кажеме дека проблемот е во аеродинамиката. Има проблем со струењето на воздухот, а Промена на деловите е опција, но имаме прекин во струењето и од други причини. Сега знаеме што функцонира, а што не. Ќе продолжиме да развиваме по тој основ. Се обидуваме што побрзо да ги поправиме грешките. 

Поради тоа не поставуваме нови елементи одеднаш, туку еден по еден, за да забележиме некакви грешки. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ