Марко најавува голема надградба во Шпанија

Доктор Хелмут Марко, Совеникот за моторспорт на Ред Бул, откри дека тимот од Милтон Кинс во Шпанија ќе донесе голема надградба со која ќе ја намалат тежината на болидот. 

Макс Верстапен победи на претходните две трки, додека целото внимание сега е посветено на надградбите кои Ферари ги вети за Барселона, кои патем се први за италијанците годинава. 

Во Шпанија ќе го почнеме викендот со нови делови. КОнечно ја постигнавме оптималната тежина. Се до сега бевме над минималните 798 килограми – посочи искусниот австриец.

Новите правила донесоа потешки болиди од своите претходници за 46 килограми. Поголемите тркала и зголемените безбедносни правила ја донесоа новата тежина. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ