Марко: Воулс зема инженери од Мерцецес

Советникот за моторспорт на Ред Бул, докор Хелмут Марко, не смета дека Вилијамс станува втора екипа на Мерцедес.

Неодамна трофејниот тим од Гроув го промовираше главниот стратег на Мерцедес, Џејмс Воуелс за свој шеф претсојнава сезона. Со оглед на минатото и фантастичната соработка која Тото Волф ја има со Вилијамс, каде своевремено беше и дел од сопственичката екипа, многумина сметаа дека тимот ќе стане подружница на Мерцедес.

јас имам различна информација во однос на тоа што се шпекулира. воулс сам решил да замине и дури зема инженери од мерцдес кај неговиот нов тим. моите извори велат дека атмосферата и расположението во мерцедес не е сјајно – откри марко за sport1.

79-годишникот се сомнева дека заминувањето на главниот стратег од Бракли може веднаш да остави трага над “сребрените стрели“.

ќе видиме, но верувам дека мерцедес ќе биде наш најголем предизвикувач за одбрана на титулите во сезоната која претстои.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ