Марко ги откри бахреинските проблеми на Хонда

Советникот за моторспорт во Ред Бул, доктор Хелмут Марко, понуди објаснување за проблемите со новиот мотор на Хонда со кој се соочиле Пјер Гасли и Серхио Перез за време на овогодишното отворање на сезоната.

Искусниот австриец посочи дека проблемите со агрегатот на јпонскиот производител не е хардверски, туку поврзан со софтверот во моторот. Проблемите кај Чеко се појавија во загревачкиот круг кога неговиот болид загуби енергија и засана неподвижно, но неговата присебност и искуство му помогнаа да се врати и да стартува од боксот.

проблемот кој го имавме е софтверски. кај перез акумулаторот беше променет во последен момент и веројатно тоа беше причината што одеднаш загуби струја во болидот. но, изреагира феноменално, ја спроведе итната процедура, го стартуваше моторот од ново и како ништо да не се случило продолжи да се трка. струјта во болидот се врати, хардверот немаше апсолутно никаков проблем и верувам дека ќе има некои корекции за да го немаме проблемот во иднина – откри марко.

Тој се осврна и на проблемите на Макс Верстапен кон крајот на трката, но тие не беа поврзани со моторот туку со сетирањето на болидот и стратегијата.

не само што имаше помалку грип, туку тркалата се вртеа во место што предизвикуваше прекумерно загревање на гумите. во тие моменти не успевавме да направиме предност каква што ни требаше за да не бидеме минати преку боксот. на тој начин губевме од 1,7 секунди до 2,5 секунди по круг во одлучувачката фаза од првата серија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ