Марко ги предупреди Астон Мартин за Хонда

Советникот во Ред Бул, доктор Хелмут Марко, изјави дека Хонда има внимателен и рестриктивен начин на работа и испрати предупредување до својот ривал, Астон Мартин. 

Во средата беше потврдено дека Хонда ќе го снабдува мотори Астон Мартин од 2026 година. Во меѓувреме, Ред Бул соработува со Хонда за својот мотор, но од 2026 година ќе биде партнер со Форд. 

Заминувањето на Хонда не беше посакувано, но моравме да реагираме. Минатата година решија да продолжат, но веќе немавме ништо заедничко помеѓу нас. Зборувавме да продолжиме, но не постигнавме согласност.

Избравме храбра и скапа одлука да направиме наш мотор откако ќе се повлече Хонда. Поради тоа, се договоривме со Форд кој нема искуство во Формула 1м но има искуство со батериите. Ред Бул Пауертраинс работи одлично и Веќе има изработено мотор кој е на очекувано ниво. 

Ред Бул со Хонда дојде до две титули и имаат разбирање за работањето на јапонците. 

Хонда се многу рестриктивни во нивната комуникација за моторот. Тоа е интелектуална сопственост на Хонда и немаме детални информации. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ