Марко ги фали Либерти за буџетите и за Нетфликс

Доктор Хелмут Марко од Ред Бул ги пофали Либерти Медиа, сопственикот на комерцијалните права во Формула 1.

Американскиот медиумски гигант беше често мета на критика откако го рпевзема спортот и го отстрани Берни Еклстон, но доктор Марко гледа и многу добри работи кои тие ги направиле за тркачката серија.

формула 1 ќе стане далеку поинтересна поради буџетското ограничување – посочи австриецот за Autorevue.

Паралелно со намалување на трошоците, тој смета дека лимитираниот буџет е одличен начин за да се намалат разликите во поредокот помеѓу екипите.

дополнително, одлична работа што либерти медиа ја направи е развивање на социјалните мрежи и секако нетфликс. кога го гледате ентузијазмот околу серхио перез во мексико, тешко ми е да поверувам што се случува таму, а исто е и во зандворт со макс.

се работи за многу позитивен етузијазам постигнат без алкохол и без насилство.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ