Марко гледа само две опции за иднината на Фетел

Моторспорт шефот на Ред Бул, Хелмут Марко, вели дека откако разговарал со Себастијан Фетел, австриецот гледа само две опции за 2021 година: пензија или трансфер во Мерцедес.

Веста за заминувањето на Фетел од Ферари на крајот на оваа година дозволи аналитичарите да почнат со прогнози за следниот потег на четирикратниот шампион. Иако место во Рено е слободно по заминувањето на Даниел Рикардо во Мекларен, малкумина веруваат дека Фетел би прифатил улога во средината само за да остане во спортот.

Разговарав со Себ и секако дискутиравме околу опциите и можностите во Ред Бул. Тие за жал не постојат и мислам дека Себ ќе продолжи доколку добие место во победничка екипа, а тоа во моментов е само Мерцедес.

Тој е четирикратен шампион кој има постигнато многу во спортот и кој е во добра финансиска позиција, за да превземе улога во тим од средината. Исто така би одговорала на неговиот карактер, неговиот стил, да се откаже.

Штета би било за спортот, но за човек како Себастијан Фетел, тоа би било најдобро решение доколку место во победнички тим не е достапно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ