Марко горд на своите австријци

Формула 1 се очекува многу скоро да го објави тркачкиот календар за 2020 година со осум европски трки на него и сите без присуство на публика.

Министерот за здравство на Австрија, Рудолф Аншобер откри дека планот за безбедност предложен од организаторите до Владата е задоволителен и содржи се што е потребно за периодот на пандемија.

Доктор Хелмут Марко е претставник на промотерите и организаторите затоа што настанот го организира Ред Бул на нивната сопствена патека.

за формула 1 е многу важно повторно да почнеме да се тркаме. ќе биде првиот дигитален спортски настан кој ќе се одржи и ние во австрија сме многу горди поради тоа – објасни марко.

Хелмут истовремено најави дека патеката има доволно време да се подготви за првата трка на 5 Јули, но ситуацијата не е многу “глатка“ затоа што Чејс Кери неодамна откажа интервју на Servus TV, теелвизија во сопственост на Ред Бул, каде требаше да се разговара за планот околу трката.

сеуште го нема провизорниот календар и не сакаше да коментира и да шпекулира со ништо. сетоа тоа беше поради сулверстон затоа што првично планираниот датум за таа трка не можеше да биде испочитуван поради мерките за влез во земјата кои ги наложи владата.

Се чини дека Британската Влада направила исклучок за Формула 1 персоналот, а во врска со задолжителниот 14-дневен карантин за влез во земјата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ