Марко го советувал Фетел да биде достапен кога ќе им треба

Советникот за моторспорт на Ред Бул, доктор Хелмут Марко, го охрабрувал Себастијан Фетел да ја мине оваа година без трка со цел да се врати на пазарот на возачи во вистинско време.

Уште во Мај минатата година на германецот јасно му беше кажано дека Скудерија Ферари не смета на неговите услуги за 2021 година, а како што одминуваше времето, тој бараше кокпит и на крајот се вдоми во фабричката Астон Мартин екипа, не сушајќи ги советите на доктор Марко.

беше јасно уште на почетокот на минатата година дека себастијан ќе има уште една тешка сезона со ферари и поради тоа не сакав тој да делува набрзина туку да почека.

мене ми беше јасно дека ќе се променат клучни работи на пазарот на возачи за следната сезона, сигурен сум дека ќе има место во мерцедес тогаш, но не само таму затоа што и ние сме во игра. сакав да почека и да биде достапен на пазарот на возачи кога ќе биде потребно и да си ја одбере најдобрата опција за себе. најмалку од се сакам четирикратен формула 1 првак да нема место во спортот и тоа не како пријател и не како човек на ред бул – откри доктор мако.

Хелмут откри дека не го советувал Себ дека ќе се врати во Ред Бул, затоа што во тоа време сите знаци покажувале дека во Милтон Кинс ќе има непроменет тандем возачи за оваа сезона.

кога ферари му потврдија што планираат, ние немавме место за 2021 година. во тоа време цврсто верувавме дека александер албон ќе се развие и дека во текот на сезоната ќе може да му парира на макс верстапен, а тоа му го кажав и на себастијан.

за жал ние погрешивме и кога требаше да донесеме одлука, себастијан повеќе не беше на списокот затоа што веќе се обврза на долг рок кон астон мартин и поради тоа наше логично решение беше серхио перез – објасни 77-годишникот.

Фетел е пред ново поглавје во својата кариера со Астон Мартин, а доктор Марко целосно го разбира неговиот избор и се надева дека жестокот ќе се бори против нив на патеката годинава.

астон мартин е големо искушение, името само по себе носи тежина, а блиската соработка со мерцедес ветува светла иднина. можам да го разберам иако јас лично ќе чекав повеќе.

се надевам дека ќе си ја најде својата загубена форма повторно затоа што очигледно е дека последните две години од некоја причина не беше на своето препознатливо ни во. сепак, не сметам дека ќе не загрозува нас

лани неговата нова екипа беше предалеку од нас и покрај фактот што перез беше страшно силен особено во вториот дел од сезонаа. дури и со себастијан во врвна форма на секоја трка не може да се надомеси заостатокот што го имаат, но можеби грешам…

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ