Марко го уништи Перез: Вози како да е веќе на одмор!

По неговата силна серија на резултати на почетокот на сезоната, Серхио Перез се најде во потешка ситуација со својот Ред Бул, а тоа го привлече вниманието на немилосрдниот Хелмут Марко.

Перез и Марко не се согласуваат премногу во последните неколку трки. Во Франција, Марко се пошегува дека Мексиканецот испил повеќе текила и заспал во борбата со Џорџ Расел за место на подиумот.

Откако Перез се квалификуваше на 11то место во Унгарија, Марко немаше добри зборови за неговите перформанси.

Тој моментално премногу заостанува зад Макс. Веќе беше во таква позиција во сите три тренинг сесии. Ова е тешка ситуација. Мора да седнеме заедно.

Летната пауза уште не почнала, а тој изгледа како Да е веќе на одмор!

Перез повторно имаше проблеми со пречекорување на лимитот и на патеката Хунгароринг, а неговиот најбрз круг беше избришан за потоа да му биде вратен покасно во сесијата. Сепак Мексиканецот не успеа да се врати и заврши 8 десетини зад тимскиот колега.

Мора да разговараме со него и тој мора да го промени својот сетап со нешто слично како тој на Макс. И мора да ја најде формата уште од Т1. Ако заостанувате 1 секунда во Т1, никогаш нема да го надоместите тоа – додаде Марко.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ