Марко задоволен од перформансите на де Врис во Монако

Советникот за моторспорт на Ред Бул, доктор Хелмут Марко, остана задоволен од перформансите на Ник де Врис во АлфаТаури за време на Гранд При трката во Монако.

Холанѓанецот имаше тежок почеток на својата Формула 1 кариера и се мачеше да му парира на колегата Јуки Тсунода на првите пет трки откако дојде како замена за Пјер Гасли кој змаина во Алпин. 27-годишникот имаше низ грешки и судари по што доби опомена од своите шефови.

Сепак, на квалификациите низ Монте Карло тој втор пат по ред стигна до средниот квалификациски сегмент и драстично го намали зостатокот зад својот колега, а на трка рутинирано и сигурно извозе до 12то место финиширајќи три позиции пред својот колега.

ова бееш најдобар викенд за ник во алфатаури, беше многу поблиску до јуки од претходно и тоа сакам секогаш да го гледм од него.

јуки беше исто така добар пред проблемот со сопирачките повторно да го мачи и тоа е нешто што тимот мора во најкус рок да го реши – вели марко.

Сепак, доколку де Врис сака да си го зачува своето Формула 1 место, мора константно да го притиска Тсунода.

секако дека сакаме повеќе од него затоа што знаеме дека носиме некој со исксутво и брзина да го притисне јуки, но тоа сеуште не го гледаме.

Потоа, искусниот австриец се осврна на гласините дека од Шпанското Гранд При, јуниорот на тимот, Лиам Лосон, кој е водечки во јапонската Супер Формула, ќе го замени де Врис.

никогаш не сме поставиле некој краен рок, но будно ги следиме перформансите на ник и кога ќе треба да делуваме, ќе го сториме тоа, но во моментов нема да превземеме нишот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ