Марко за де Врис: Има жолт картон

По се почестите грешки на Ник де Врис во болидот на АлфаТаури, во последно време се појавија шпекулации дека тој ќе биде отстранет од екипата, а на негово место ќе дојде резервистот од Ред Бул, Даниел Рикардо.

Шпанското Гранд При беше посочено како последна трка до која холанѓанецот мора да покаже дека напреднал, а доктор Хелмут Марко, човекот одговорен за возачите во двете екипи на компанијата за производство на енергетски пијалоци, ги појасни шпекулациите.

ништо нема да се случи на претсојните трки. разговаравме со де врис и заедно сфативме дека мора да се подобри затоа што заостатокот зад колегата јуки тсунода, на кој патем одлично му оди, е голем. да зборуваме со фудбалски жаргон, ник има жолт картон, но не е црвен сеуште. ако се подобри, нема да имаме никаков проблем – откри марко.

Шпекулациите станаа се посилни откако Даниел Рикардо беше забележан во Фаеца како пробува седиште за нивниот болид, а веќе има и закажан тест со актуелниот болид на Ред Бул во Јули на Силверстон за Пирели. Според Марко, Дани нема д го превземе местото на де Врис.

во најлош случај можеме д асе потпреме на нашите млади возачи како лиам лосон и ајуму ивасо, но не и на рикардо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ