Марко за Шумахер: Ред Бул бара перформанси, не маркетинг

Ралф Шумахер смета дека на доктор Хелмут Марко му смета презимето на Мик за да го донесе во АлфаТаури. 

Но сега, Марко му возврати на Ралф, кој своевремено се тркаше за Џорда, Вилијамс и Тојота во неговата кариера, а во Монако изјави дека Мик подобро ќе се снајдел во Монако со АлфаТаури доколку имало место во тимот. Шумахер беше отпуштен од Хаас на крајот на договорот по две години со тимот и сега е резервен возач во Мерцедес. 

Се чини дека Хелмут Марко има проблем со презимето Шумахер. Иако сме имале добра комуникација, има проблем со Мик и не разбирам зошто е тоа така – посочи ралф

АлфаТаури се одлучија да го донесат Ник де Врис од Мерцедес Формула Е тимот кој е доста критикуван за инциденти во текот на трките. 

Немам проблем со Шумахер. За мене михаел е еден најголемите возач и често зборувам со Ралф. Но нашата програма се базира на перформанси, не маркетинг. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ