Марко изненаден од се посилниот Мерцедес

Доктор Хелмут МАрко смета дека Ред Бул Хонда заостануваат поради неочекувано големиот напредок на Мерцедес со нивниот мотор сезонава.

“Биковите“ се надеваа дека Макс Верстапен ќе предизвика за својата прва титула и ќе стане најмлад првак сезонава, нешто што Марко потврдува дека сеуште е нивна цел.

изненадени сме што мерцедес има значително повеќе моќ од лани и толку мнгоу напреднале во текот на зимата. начинот на кој хамилтон го мина албон на почетокот од првата трка беше застрашувачки, но така е како што е и ние мораме да се носиме со тоа на кус рок – изјави марко за австриски Bild am Sonntag.

Двете екипи веќе се во војна откако Ред Бул најпрво протестираа околу легалноста на ДАС системот минатиот викенд, а потоа и на игнорирањето на жолтите знамиња од страна на Хамилтон.

се работи за светски првенство и освојување титула и поради тоа бараме еднаков третман. нема врска со строгоста, но секако нема да им се поклониме на мерцедес.

Тој се сомнева дека италијанцие од Ферари имаат капацитет да им се приклучат во борбата оваа тркачка сезона.

ако погледнете и видите дека ферари забавиле помеѓу 8 десетинки и една секунда во однос на лани, сами може да си донесете заклучок. обично се многу силни да бидат на врвот, но толку голем дефицит не може да се надомести во текот на една тркачка сезона.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ