Марко: Имаме најбрз болид на гридот

Ред Бул стигнаа до прва победа оваа сезона откако триумфираа на Имола со 22 секунди предност во однос на Мерцедес, а доктор Хелмут Марко смета дека нивната брзина во текот на еден летечки круг е супериорна во однос на конкурентите.

“Биковите“ се силни уште од предсезонските тестови, а само ризикот со стратегијата на Мерцедес донесе да ја загубат првата трка во Бахреин, но на Имола се корегираа и триумфираа. Иако пропуштија пол позиција на квалификации, Макс Верстапен моќно стартуваше и го превзема водството по што беше недостижен за останатите.

нашата брзина е одлична и сигурно го имаме најбрзиот болид во еден круг. трошењето на гумите беше поголемо на интермедиа и за среќа патеката се промени и можевме да минеме на мазни гуми. лесно победивме – самоуверено изјави марко.

Тој е задоволен и од стратегијата на екипата која смета ека била вистинската заедно со фактот што Макс влезе круг пред Луис во боксот.

Стратегијата беше безгрешна и круг подоцна мислам дека ќе бевме минати. бевме точни, но хамилтон за нас веќе беше надвор од трката пред црвеното знаме. имаше многу среќа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ