Марко искрен: Доминираме, но треба да ја подобриме издржливоста

Доктор Хелмут Марко, Советникот за моторспорт на Ред Бул искрено посочи дека неговиот тим доминира со спортот по неверојатнат серија, но сеуште треба да ги реши спорадичните проблеми со издржливоста.

Макс Верстапен победи 6ти пат оваа сезона и со тоа го зголеми водството во возачкиот поредок на 46 поени пред колегата Перез и дополнителни 3 пред Шарл Леклер на Ферари. Канадското Гранд При беше 6т победа по ред за тимот од Милтон Кинс и поради таа фантастична низа водат кај конструкторите.

Верстапен не заврши две трки од воведните три и имаше 45 поени негатива во однос на Леклер и Ферари но експресно брзо надомести.

главно е дека мораме да завршуваме и да ги отстраниме проблемите со издржливоста. имавме и спринт кој ни помогна да освоиме уште повеќе поени.

во неверојатна серија сме во моментов, а вообичаено првиот дел од сезоната е периодот кога стигнувавме негатива и “бркавме“, а сега доминираме. ако победите 7 пати на првите 9 трки тоа значи само доминација – посочи доктор марко.

По одличната серија, “биковите“ имаат најдбар почеток на Формула 1 сезона од 2011 година кога Себастијан Фетел победи 6 пати на првите 8 трки на патот кон доминантната двојна титула. Но, Верстапен не успеа да заврши во Бахреин и Австралија поради проблеми со системот за гориво, а Перез се паркираше крај патеката во Канада откако му откажа менувачот.

загриженста е секогаш проблем ако имате болид кој е на самиот лимит, видете го тоа најдобро во ферари. единствентие кои немаат технико откажување со мерцедес, но тие беа страшно бавни на некои трки, го ограничуваа моторот поради прегревање.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ