Марко го демантира Перез за техничкиот проблем

Доктор Хелмут Марко верува дека Серхио Перез немал технички проблем на кој се пожали возачот уште во третиот тренинг и кој наводно бил виновен за неговото излетување на квалификациите. 

Перез имаше тешка сабота која започна со технички проблеми со сопирачките во третиот тренинг, а потоа тој излета и на квалификациите поради што ќе стартува од последно место. 

Имавме проблем со моторното кочење во текот на третиот тренинг. При кочење не можеше да се најде точното подесување и поради тоа Серхио имаше подуправување.

Моторот малку форсираше, но на квалификациите не беше тој проблем. Можеби беше малку полизгаво и тој се излизга – смета советникот за моторспорт на компанијата ред бул.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ