Марко: Лауда немаше да дозволи проблеми

Доктор Хелмут Марко, советникот за моторспорт на Ред Бул, изјави дека Ники Лауда немал да дозволи ескалација на работите помеѓу Ред Бул и Мерцедес доколку бил жив и бил во падокот сезонава. 

За прв пат откако германците се приклучија на Формула 1 гридот, тие се бореа против Ред Бул за двете титули и тензијата помеѓу нив растеше во текот на сезоната. На патеката, Верстапен и Хамилтон имаа блиски контакти додека двајцата шефови Хорнер и Волф се навредуваа во текот на сезоната. 

Холандскиот новинар Џек Плоиј смета дека Лауда недостасувал во Мерцедес и неговиот однос со Марко кој можел да спречи конфликт. 

Мислам дека Лауда им недостасуваше на Мерцедес. Ники имаше ручек со Хелмут Марко секој ден. Мислам дека немаше да има никаков конфликт. Ники ќе се договореше Хелмут да го контролира Хорнер и тој ќе го прави истото со Тото. 

Марко се согласува со тоа мислење и верува дека Лауда во Мерцедес ќе ги смирел работите. 

Немаше толку да ескалираат работите со Ники. Секако ќе беше тешко бидејќи загубија, но немаше да има конфликт. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ