Марко: Мерцедес тврдат дека Макс го оштетил крилото

Доктор Хелмут Марко откри дека Мерцедес тврдат оти Макс Верстапен го оштетил крилото на Луис Хамитон по крајот на квалификациите, додека го разгледувал болидот.

Болидот на Мерцедес беше пријавен кај стјуардите откако мерењата покажаа дека нема доволно растојание помеѓу крилцата при отворен ДРС по крајот на квалификациите на Интерлагос во Сабота. Луис и тимот требаше да се пријавата кај стјуардите вчера, но сослушувањето и одлуката беа одложени за денеска наутро.

Исто така, кај стјуардите требаше да се пијави и Макс Верстапен откако беше виден како го допира и анализира болидот на Хамилтон по крајот на квалификациите, момент кога болидите всушност влегуваат во парк ферме услови.

Сите ја чекаат одлуката на стјуардите која многу доцни, а доктор Марко веќе откри нешто.

неверојатно е тоа што мерцедес сега тврдат дека макс го оштетил крилото на хамилтон допираји го со рака – изјави доктор марко за F1-Insider.

Иако се работи за два различни прекршоци, оној на Мерцедес е спротивно од техничките правила, а оној на Верстапен од спортските, сепак се чини дека актуелните прваци го користат холанѓанецот како алиби.

Поранешниот возач, сегашен стручен коментатор на Скај, Карун Чандхок, демантираше дека нешто такво е можно.

за оние кои се прашуваат дали макс е можно да го оштетил задното крило, да биде јасно дека задните крила се дизајнирани да издражт стотици килограми отпор без да се оштетат.

џим може да седне на него и тоа да остане на исто место. колку и да е во добра физичка форма и подготвен макс, се сомневам дека може да го оштети крилото – вели карун.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ