Марко: Напредокот на Перез е неверојатен

Советникот за моторспорт на Ред Бул, доктор Хелмут Марко, е импресиониран од мексиканецот Серхио Перез и начинот на кој ги одработе денешните квалификации.

Чеко беше одличен и дојде до второ место на квалификациите, ќе стартува крај Луис Хамилтон, а пред својот тимски колега Макс Верстапен, но за разлиак од двајцата, ќе тргне на софт.

Минатиот тркачки викенд Чеко тргна од 11то место откако не успеа да мине на медиум во последнио сегмент, но на Имола не беше така и имаше одлични перформанси, а Марко е воодушевен.

подобрувањата и напредокот на перез се неверојатни. фактот дека е толку силен, а ова се само втори квалификации за него ме прави пресреќен. перез ќе тргне на софт, а макс и хамилтон на медиум – појасни доктор марко.

Австриецот предвидува тесна трка иако се надева дека тоа што имаат два болиди на различна стратегија кои може да му ги спротистават на Хамилтон, ќе помогне.

мислам дека ќе биде многу, мноту тесно. имаме два болиди напред и доста болиди помешу нас и ботас. се надевам дека нема да не стигне многу брзо и тоа ќе ни биде предност.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ