Марко: Нашите силни страни се неважни во Монако

Ред Бул пристигнуваат во Монако со значителна предност во конструкторскиот поредок, но Советникот за моторспорт на компанијата, доктор Хелмут Марко, чувствува дека екпата нема да може да ја искористи својата главна силна страна низ улиците на Кнежевството.

Тимот од Милтон Кинс има доминантен почеток на годината, Макс Вестапен победи 3 пати, а кога тој не триумфираше, прв беше неговиот колега Серхио Перез. Така, имаат дури 122 поени предност пред Астон Мартин кај конструкторите, а австриецот Хелмут очекува многу голем предизвик во Монте Карло.

не можеме да ги искористиме нашите силни страни на трката во монако. кој и да вози на чело таму го создава ритамот на трката. деграадацијата на гуми нема да биде одлучувачка, а нема ни правци каде нашата брзина ќе дојде до израз – свесен е марко.

Ферари се мачат да им парираат на Ред Бул сезонава, но Хелмут смета дека “црвените“ ќе бидат силни во Монте Карло.

она што до сега го видовме е дека ферари е побрз од ред бул низ бавните кривини. но, ќе биде возбудливо, да почекаме да видиме.

Последните две посети во Монако, домашниот возач Шарл Леклер беше човекот кој однесе пол позиција, а Марко е свесен дека силни квалификации значат многу.

најголема предност носи брзото загревање на гумит и мислам дека ќе биде одлучувачко во квалификацискиот круг.

алонсо таму е секогаш добар, а хендикепот од праволиниска брзина не е битен во монако. ако астон мартин има силен викенд и ако имаат добри квалификации, тогаш се кандидати за победа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ