Марко најави: Повеќе немаме оправдувања

Советникот на Ред Бул, доктор Хелмут Марко, верува дека тимот повеќе нема никакви оправдувања доколку неуспеат соодветно да ги предизвикаат Мерцедес и Ферри за титула догодина.

Во Милтон Кинс во пресрет на сезоната го променија доставувачот на мотори раскинувајќи ја долгогодишната соработка со Рено за да минат на агрегати од Хонда. Со јапонски мотори, стигнаа до три победи сезонава благодарение на Макс Верстапен и неговото возење во Австрија, Германија и Бразил, така што Марко очекува уште наслови следната сезона.

научивме многу работи и следната година нема да имаме право на никакви оправдувања. моќта од моторот на хонда е голема, макс е во врвна форма, а ние ќе произведеме добра шасија. во моментов сме две недели пред предвидениот распоред и многу сме подобри од порано – изјави марко за австриската ServusTV.

Верстапен е истомисленик со својот шеф, а цели дополнително да се подобри во однос на врвнит ево спортот.

секако дека сакам да победувам догодина. се надеваме дека ќе можеме да предизвикаме за титула од почетокот на сезоната.

позитивно се чувствувам во ред бул и ако се оди добро и согласно планот, ќе победуваме заедно. јас сум релаксиран и подготвено се чувствувам.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ