Марко: На Мерцедес им смета нашата опрема во боксот

Доктор Хелмут Марко, советникот за моторспорт во Ред Бул, откри дека Мерцедес не се задоволни од опремата за промена на гуми која ја користат тие.

Една од областите каде Ред Бул предничи е брзите промени на гуми, сегмент каде се најбрзи на гридот.

Сега им смета како е обележан нашиот пит стоп материјал. Ова е жешка тема, Ние се концентрираме да имаме оптимални резултати. Не сме загрижени за периферни работи.

Мерцедес води психолошка војна, Макс изјави дека треба да оставиме да се зборува на патеката и така планираме да продолжиме – откри доктор марко.

Мерцедес повторно ги обвини Ред Бул, но Марко изјави дека само покажуваат колку се нервозни.

Мерцедес се многу нервозни. По нивната реакција тоа се гледа, но ние не запираме. Се фокусираме на вистински работи. Целата работа околу задното крило беше бура во чаша за чај.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ