Марко не е загрижен што сите го видоа подот на Ред Бул

Серхио Перез имаше судар на почетокот од квалификаците во Монако, а кога неговиот болид беше дигнат со кран за да биде отстранет од патеката, сите го видоа фамозниот под на РБ19, но Хелмут Марко не е загрижен за тоа.

Советникот за моторспорт верува дека на конкурентите ќе им биде многу тешко да го копираат подот од она што го видоа во Монте Карло откако претходно на исто мислење беше и тимскиот шеф Кристијан Хорнер.

секако дека не ни се допадна тоа што сите го видоа болидот затоа што подот е многу важен, но ако не ги знаете точно сите останати делови, не може да го склопите концептот, не е воопшто лесно. болидот на мерцедес висеше многу подолго од нашиот во воздухот над патеката, но никој не се интересира за нивниот под – зајадлив е доктор марко.

Австриецот верува дека она што се видело е далеку од доволно за да се ископира концепт кој ќе работи и ќе го насочи воздухот под болдот како што тоа го прават тие.

не се работи само за подот, затоа што истиот мора да работи заедно со предното и задното крило, така што е потребна комбинација на сите тие работи. многу е покомплексно од само под.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ