Марко не исклучува враќање на Себ во тимот

Советникот за моторспорт на Ред Бул, доктор Хелмут Марко, посочи дека поранешниот возач, Себастијан Фетел, убаво би се вклопил во раководните структури на екипата.

Себ дојде во младинскиот погон на Ред Бул, Торо Росо, во 2007 година, откако освои поен на своето Формула 1 деби со БМВ Заубер во Америка претходно истата година. Во 2008 година победи за малата екипа од Фаенца пред да направи трансфер во Ред Бул следната година. Следуваа четири последователни титули и доминација со Ред Бул од 2010 до 2013 година пред да замине следната 2014 година во Ферари на почетокот на новата турбо хибридна ера.

По пет години во Ферари и две во Астон Мартин, 53-кратниот победник на трки реши да стави крај на својата Формула 1 кариера. 

не е нереално тој да дојде на некоја од врвнеит менаџерски позиции кај нас, јас наскоро ќе наполнам 80 години. рзговаравме на таа тема и мислам дека ќе му се допадне некоја раководна позиција кај нас. ќе му дадеме некое време да си сади дрвца да видиме што ќе се случи, но секако дека ќе внимаваме на него и ќе го следиме.

имаме две екипи, секогаш сме отворени за него, но има сериозна разлика помеѓу возење и менаџирање, тој е лидер, но ќе мора да се научи на далеку помала заработка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ