Марко: Не можеме да си го дозволиме Фетел

Доктор Хемут Марко откри дека Ред Бул не може да си дозволи да троши многу пари на возач и да го враќа Себастијан Фетел назад во екипата.

Медиумите неодамна почнаа да шпекулираат дека возачот на Ферари е пред враќање во Милтон Кинс откако Себ беше снимен во друштво на возачите на Ред Бул на легендарната скијачка трка во Кицбил.

Германецот ги освои сите свои четири титули со Ред Бул пред во 2015 година да мине во Ферари каде не успеа да нападне сериозно за насловот и да се бори до последната трка. Неговиот договор кој го обврзува да остане во Маранело има рок на важност до крајот на оваа сезона.

себастијан сака да мисли дека може да се врати кај нас следната година. но, тој е четирикратен првак со одредени финансиски барања, но ние имаме долгогодишен договор со макс верстапен кој не беше воопшто ефтин, така што не можеме да си дозовлиме уште еден “тешкаш“.

ќе мора да се согласи да не вози за многу пари, а тоа не можеме да го бараме од него – откри марко за германски Auto Bild.

Сепак, доктор Марко смета дека Мерцедес може да биде опција за Себастијан следната година.

себастијан е во еден вид трансфер замка. ферари покажаа дека сериозно се посветени на леклер, а ние одиме со макс. себастијан може да биде силен сезонава, што верувам дека ќе биде случај затоа што јас верувам во неговите способности.

ако навистина успее да го победи леклер, ферари ќе мора сериозно да размисли за него. на тој начин тој би станал интересен и за мерцедес, а плус и германец е.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ