Марко откри дека се договориле со Хонда

Доктор Хелмут Марко откри дека Ред Бул очекуваат одлука од ФИА следната недела, а во врска со имплементација на замрзнувањето на моторите во спортот.

Доколку спортот се реши да го замрзне развојот на моторите од следната година, тоа значи дека Ред Бул ќе можа да ја купат и користат програмата за Формула 1 мотори на Хонда. Јапонците најавија дека по крајот на оваа година се повлекуваат од врвната моторспорт тркачка серија.

Неодамна доктор Марко кој е Советник за моторспорт во Ред Бул, откри дека тие се фокусирани целосно на проектот со Хонда и купување на нивната интелектуална сопственост, а во врска со тркачкиот Формула 1 агрегат. Иако тој цени дека работата од нивна страна е 80-85% завршена, сепак смета дека зависат од замрзнувањето на развојот кое очекуваат да се воведе од 2022 година за да се намалат трошоците за мотори во спортот.

77-годишниот австриец навсти дека одлуката е постигната и дека Ред Бул ќе започна со својот проек за мотори штом ќе стигне и официјална потврда од ФИА.

чекаме на одлуката на фиа која треба да биде официјално донесена следната недела. помеѓу нас и хонда се е договорено, сите се подготвени аз старт, но мораме да добиеме писмен доказ од фиа дека развојот ќе се замрзне во однос на моторот – откри доктор марко.

Иднината на Ред Бул е во рацете на Мерцедес, Ферари и Рено кои како производители на мотори во спортот мора да се согласат со замрзнување на развојот на моторите. Доколку ограничувањето не стапи на сила, а со тоа и Ред Бул нема можност да продолжи да ја користи Хонда, Хелмут откри дека немаат друга алтернатива.

доколку предлогот на хонда не успее, ние немаме план б, за нас алтернатива не постои. замрзнувањето на развојот на моторите во моментов е најважна работа затоа што само на тој начин проектот за нас станува изводлив.

доколку замрзнувањето на азвојот на моторите не се донесе, ние ќе мораме одново да размислиме за нашата вклученост во формула 1.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ