Марко: Перез е брз како Верстапен

Советникот за моторспорт на Ред Бул, доктор Хелмут Марко, изјави дека Серхио Перез имал одличен старт во Ред Бул на првата трка за новиот тим во Бахреин.

Тој стартуваше од бокс поради проблем во формацискиот круг и мораше да го ресетира болидот. Сепак, на крајот успеа да дојде до 5та позиција што го импресионираше Марко.

Кога не е во гужва и има чист воздух пред себе, брз е како Верстапен. Ова беше само прва трка за него – вели хелмут.

Квалификациите на Перез не поминаа според очекувањата и тој отпадна во К2. Марко призна дека погрешиле со гумите кои требало да го донесат во последниот квалификациски сегмент. 

За време на квалификациите требаше да го ставиме на софт гуми и тоа беша нашата грешка, Но го ставивме на медиум.

Доколку стартуваше понапред на гридот ќе се бореше со Ботас. Доколку стартуваше на софт гуми можеше да изгуби време во боксот и нападот на Мерцедес ќе беше потежок. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ