Марко разочаран од лошите викенди

Советникот на Ред Бул, доктор Хелмут Марко, призна дека е фрустриран со неможноста на Макс Верстапен да предизвика за победа во Мексико и покрај тоа шо неговиот болид на хрд гуми во текот на трката беше многу брз.

Холанѓанецот имаше дуел и контакт со Луис Хамилтон во првиот круг, а неколку кругови подоцна имаше и контакт со Валтери Ботас во обид да си го врати загубеното по што заврши со дупната гума. По промената беше последен, но имаше одлични перформанси во својата долга серија на хард компонентата и стигна до 6то место на крајот.

Марко смета дека доколку неговиот возач бил попретпазлив во дуелите со колегите, а со оглед на силата на неговиот болид и брзината која ја демонстрираше, можел да победи.

макс беше две секунди побрз од лидерот на трката на хард гумите. да се има толку брз болид, а да не се пбоеди е навистина вознемирувачко.

првата кривина беше многу несреќна за нас, хамилтон не беше по идеалната линија, потоа се доближи многу до макс и двајцата се најдоа на тревата. за жал беше и мокро и загубивме многу време – се присетува хелмут.

Во врска со коментарите на Хамилтон по трката дека секогаш му дава дополнителен простор на Макс Верстапен при борбите поради неговата агресивност, Марко изјави:

хамилто не направи ништо такво на првата кривина и јас не видов да остави никакво место таму.

ботас од друга страна можеше да биде повнимателен затоа што изгледа не го иде макс и ни ја дупна гумата. маневарот од макс беше одличен, но крајниот резултат од истиот не беше.

Австриецот е охрабрен од перформансите на РБ15 болидот и смета дека ќе може сериозно да предизвикаат до крајот на сзоната.

секогаш иамвме добар болид освен со сингапур и во русија. во сингапур зезнавме работа со сетирањето, додека во русија новото гориво не беше донесено да го користиме и имавме недостаток на моќ. очекувам да сме конкурентни за победа на следните три трки.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ