Марко: Ред Бул има договор со Астон Мартин

Хелмут Марко ги негира шпекулациите дека Ред Бул би можел да го загуби главниот спонзор.

Ние имаме договор – изјави Марко, следејќи по вести дека мнозински дел од акциите на Астон Мартин би можеле да бидат купени од сопственикот на Рејсинг Поинт, Лоренс Строл.

Се претпоставува дека коментарот на Марко се однесува само на 2020 година.

Според вестите, откупувањето на Астон Мартин би можело да значи дека Строл ќе го преименува својот тим кој би почнал да ја користи препознатливата британска тркачка зелена боја.

Веднаш откако излезе веста, немаше коментар од страна на Строл, Рејсинг Поинт или Астон Мартин. Но извршниот директор на Астон Мартин, Енди Палмер, даде своја изјава за Ројтерс:

Ние активно не бараме учество од инвеститори. Но тоа не значи дека може да има некои.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ