Марко сака тандем од соништата: Макс и Леклер

Советникот за моторспортѕ на Ред Бул, доктор Хелмут Марко, тврди дека гласините што се појавија на почетокот на оваа година дека Макс Верстапен може да се приклучи на Мерцедес биле создадени за да создадат немири.

Но, сега шефот на Ред Бул за развој на возачи и самиот е поврзан со шпекулација во врска со Шарл Леклер од Ферари, според која формира тим од соништата со Верстапен.

Во Февруари, беше објавено дека Верстапен има клаузула за раскинување на договорот доколку Ред Бул не може да му обезбеди болид за титула по што тој би можел да си замине на крајот од сезоната. Се разбира, таа опција веќе не е активна затоа што Верстапен има предност од 32 поени во шампионатот на возачи, додека Луис Хамилтон потпиша двегодишно продолжување на договорот со Мерцедес, што значи дека до 2022 година се ќе биде исто.

За шпекулациите од Верстапен до Мерцедес, Марко за Спорт 1 изјави:

Тие видови гласини секогаш намерно се шират за да создадат немири.

Веќе беше јасно дека продолжувањето на договорот доаѓа за Хамилтон, Но мислевме од тактички причини дека најавата ќе дојде дури во Силверстоун.

Италијанското издание на Motorsport.com вели дека Леклер е опција во позадина, додека Ред Бул одлучува за продолжување на едногодишниот договор на Серхио Перез. Во веста се вели дека Леклер е малку вознемирен во Ферари затоа што неговиот тим останува толку далеку до конкурентноста на Мерцедес и Ред Бул.

Секако, тоа може да се смени следната година со целосно новите болиди, а Леклер има договор до 2024 година. Сепак, некои сугерираат дека можеби имало некаков контакт со Ред Бул за да се открие дали Хелмут Марко сакал да изгради вистински тим од соништата.

Тие сметаат дека ова е малку веројатно, велејќи дека „тешко е да се поверува дека луѓето што инвестираа во Верстапен како гуска што положува златни јајца сакаат да скршат систем што работи, алудирајќи на тоа дека Леклер може да има и клаузула поврзана со перформансите на Ферари во неговиот договор. Од друга страна, партнерството на Верстапен и Леклер би било идеално ако Мерцедес реши да го спари Џорџ Расел со Хамилтон.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ