Марко сеуште верува дека ќе има публика на Ред Бул Ринг

Откако организаторите и промотерите на Австриското Гранд При официјално поднесоа план за организација на трката до Владата, Министерството за здравство се погласно најавува дека овогодишниот настан ан Ред Бул Ринг нема да има гледачи.

Но, Ред Бул, кои се промотери на трката на патеката која е во нивна сопственост сеуште чекаат официјална потврда, но силно се надеваат дека ќе има присуство на пубика на трката.

Се надеваме на одговор од министерството за здравство, Иако нашиот концепт беше трка без гледачи. сепак, се надеваме дека може да се дозволи ограничена публика.

Многу работи се случуваат во моментов и да видиме што ќе биде. Доколку се позитивни работите, зошто да нема публика – најави Хелмут Марко.

Но, Австрискиот Министер за спорт, Вернер Коглер, ги намали шансите за такво нешто. 

Мислам дека воопшто не се размислува за големи настати со публика. ТОа се новости за мене, а Одлучувачки фактор е влезот и излезот. 

Но, Марко ги отфрли гласина дека една од трките на Ред Бул Ринг ќе биде сред недела. 

Оригинално сакавме така, но ТВ станиците инсиситираат тоа да биде во недела, за време на викендот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ