Марко се изнасмеа на изјавата на Волф дека приоритет му се младите возачи

Доктор Хелмут Марко, Советникот за моторспорт на Ред Бул, се изнасмеа на коментарите н Тото Волф, шефот на Мерцедес, кој изјави дека приоритет за Мерцедес се нивните млади возачи.

Минатата недела, откако Себастијан Фетел и Ферари потврдија дека нема да продолжат заедно следната година, Тото најави дека германецот би бил интересен за Мерцедес, но дека не се размислува ништо такво затоа што приоритет им се младите возачи.

Но, факт е дека Мерцедес никогаш нема пуштено јуниорски возач во својот тркачки болид, Естебан Окон беше праќан во Форс Индија, а потоа и паузираше сезона, додека Џорџ Расел вози за Вилијамс. Од друга страна, Ред Бул имаат политика на производство на возачи кои се голем дел од денешниот грид.

за жал за фетел местата во врвните екипи се полни, но смешно е кога тото кажува дека се грижат и ги анализираат своите возачи. до денеска, јуниорски возач на мерцедес не добил шанса во кокпитот на тимот, но можеби планираат тоа да се промени – вели марко за orf.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ