Марко: Се надевам дека Ферари нема да се силни на трка

Доктор Хелмут Марко од Ред Бул се надева дека предноста на Ферари над Ред Бул од квлификациите ќе остане само таму и нема да се преслика на трка. 

Тој беше изненаден од квалификациите на Ферари кои дојдоа до пол позиција со изненадувачки перформанси, прв нивни саботен триумф оваа сезона. Сепак, Марко се надева дека Ред Бул ќе биде посилен на трката и ќе дојде до победа. 

Ферари има најсилен мотор на гридот и со полна сила дојдоа до пол позиција. Се надевам дека не го можат тоа на трка – посака искусниот австриец кој во падокот во азербејџан го прослави својот 80ти роденден.

Алонсо, кој досега беше редовен на подиумот, не можеше да им парира на Ферари и Ред Бул, а Марко сепак очекува Алонсо да биде понапред на спринтот, но не очекува Мерцедес да се вмешаат. 

Мислам дека Алонсо е блиску, но имаше проблеми. Разликата со останатите е голема, Мерцедес се 9 десетинки поназад. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ