Марко се надева дека разумот ќе преовладее помеѓу Луис и Макс

Советникот на Ред Бул, доктор Хелмут Марко, е свесен дека Макс Верстапен и Луис Хамилтон нема никогаш да бидат пријатели, но побара од нив да преовладее разумот кога ќе се борат на патеката.

не мислам дека некогаш ќе бидат пријатели затоа што се сосема разлини карактери. исто така, работат за две различни компании со различни филозофии и притапи. се е тоа во ред, но не мора да бидат непријатели, доволно е да имаат голема взаемна почит еден со друг – смета искусниот австриец.

Хелмут призна дека Ред Бул разговарале со својот возач за сударот од Монца, судар по кој Верстапен доби казна од три позиции на стартот на Руското Гранд При во Сочи викендов. Сепак, тој е свесен дека многу малку може да влијаат на пристапот и агресивноста на својот возач на патеката.

од наша страна, се обидовме да влијаеме на макс преку разговор за да има почит со луис и да се избегнат сударите во иднина. сепак, тие се возачи пред се и штом се спушти визирот, се се заборава. хамилтон е најуспешен возач во историјата и има огромно исксутво, додека макс има над 100 трки зад себе. искрено се надевам дека разумот ќе преовладее на патеката помеѓу нив.

Во моментов холанѓанецот води со 5 поени пред својот конкурент пред тркаа низ олимпиското Сочи. Доктор Марко посака неговиот тим да победува на патеката, а не по судари и незгоди.

теоретски сме рпед нив, но сакаме да го зголемиме водството, а не да калкулираме и да се браиме до крајот на сезоната.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ