Марко се потсмева со заканата на Астон Мартин

Советникот за моторспорт на Ред Бул, доктор Хелмут Марко, се насмеа на барањето на Астон Мартин за промена на аеродинамичките правила оваа година бидејќи се тотално безпредметни.

Дури и Тото Волф, кој е близок со сопственикот на Астон Мартин, изјави дека мора да се помират со тоа.

Легитимно е Астон Мартин да бара мотивација од промената на правилата. Можеби тие мерки беа против нас, а Астон Мартин е колатерална штета.

Ние сме шампионски тим и не сакавме веднаш да се жалиме на промената. Јасна е предноста на болидите со поголема накосеност. Како тим загубивме многу.

Доколку Астон Мартин мислат дека се голем и важен бренд тогаш разбирам од кај им доаѓа барањето – смета волф.

Но, Марко нема толку разбирање.

Оваа приказна е целосно безпредметна. Кога доминиравме имаше две, три правила кои се менуваа во сезоната.

Сепак, Рејсинг Поинт се согласија со промените и не можам да разберам зошто се премислија. ТИе се втор Мерцедес болид поради сличностите со фабричкиот. Може да се види дека и малата накосеност може да е успешна.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ