Марко тврди: Луис сака во Ферари затоа што Макс зема поголема плата од него

Доктор Хелмут Марко, Советникот за моторспорт на Ред Бул, смета дека шпекулациите за трансферот на Луис Хамилтон во Ферари се поврзани со фактот што британецот бил незадоволен од тоа што Макс Верстапен, неговиот жесток ривал од пред две години, зема поголема плата од него.

Откако црномурестиот британец го напушти Мекларен и потпиша за Мерцедес во 2013 година, константно е најплатен возач на гридот, но продолжувањето на договорот на Верстапен дојде со повеќе пари откако го порази Хамилтон за насловот во 2021 година, а се прошета низ првенството и лани. Медиумите велат дека холанѓанецот инкасира 55 милиони долари по сезона.

постојат две работи кои вистински го вознемируваат хамилтон, прво е фактот што повеќе не е светски првак и поради тоа очајно бара начин да се врати на тронот во иднина, а знае дека за него нема место во ред бул, така што единствена опција му е ферари затоа што мерцедес веќе не се доминантни како порано.

второ е тоа што не е задоволен што повеќе не е најплатен возач на гридот, тоа е макс верстапен, но со помош на ферари, тоа може да не биде така – смета марко.

Италијанска La Gazzetta dello Sport пренесува дека Џон Елкан, Претседателот на Ферари е возбуден од можноста да го потпише Хамилтон како партнер на Леклер уште следната година. Но и покрај ваквите шпекулации. Луис и Тото неколку пати посочија дека разговараат за продолжување на долгогодишната соработка, а и колегата на Леклер, Карлос Саинз, има долгогодишен договор со Скудерија кој е валиден до крајот на следната година и нема намера да се откаже од истиот.

Ред Бул секако дека не е опција за британецот, а Астон Мартин се презадоволни од Фернандо Алонсо и не би го менувале за ништо во ситуација во која секако, Ленс Строл е недопирлив.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ