Марко: Техничката директива не е обмислена

Доктор Хелмут Марко од Ред Бул верува дека техничката директива на ФИА не била целосно разгледана и обмислена пред да се донесе. 

Од стартот на сезонава, болидите потскокнуваат на правците како контра ефект на новите правила. Некои тимови побараа од ФИА реакција за справување со ситуацијата поради долготрајни проблеми со здравјето и безбедноста на возачите. Пред трката во Канада, ФИА донесе техничка директива за справување со проблемот. 

Мислам дека одлуката на ФИА не е коректна. Мерцедес има најголеми проблеми и тие реагираат на средина на сезоната. Решението е едноставно, Треба да се крене болидот и на тој начин Нема да потскокнува, но ќе загуби брзина.

Фактот што реагираат на овој начин кога веќе се знае како се конфигурира болид, брзо решение нема да го реши проблемот – посочи австриецот.

Трката во Канада беше прв викенд под новата директива каде треба да се соберат податоци, но Марко смета дека ова е избрзано и Мерцедес најмногу ќе изгуби. 

Има уште напредок кој треба да се направи. Мислам дека ова има погрешен ефект врз тимот кој се жали. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ