Марко упати критики до Перез

Советникот за моторспорт на Ред Бул, доктор Хелмут Марко, го критикуваше Серхио Перез за очајната трка во Монако која беше завршена за него уште пред да почне. 

По излетувањето на квалификациите, тој стартуваше од последна позиција на трка во која не може да се престаса, додека неговиот колега стартуваше од пол позиција. 

Не е важно затоа што Се беше погрешно од излетувањето. Се надевам дека грешките нема да се повторат. Тој беше брз кога возеше, а Излетувањето од квалификациите му ја уништи трката – вели марко.

Кристијан Хорнер додаде дека и самиот Перез не бил задоволен од викендот. 

Ништо не функционираше за него, Но сега доаѓа Барселона и ќе биде подобро. 

Перез сега заостанува 39 поени зад Вертапен кој победи на четири од шест трки. 

Ова е прва грешка оваа сезона. Му се извинувам на тимот. Со нетрпение ја чекам наредната трка и да почнам од ново.

Марко го пофали Верстапен за неверојатниот круг. 

Макс има контрола во сите услови и Беше неверојатен. Кога стана јасно дека ќе заврне му рековме дека не треба два пати да застане. Се справи со тоа. Комуникацијата беше одлична. Се беше во најдобар ред. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ