Марко: Фетел не е веќе најдобар, но не го отпишувајте

Хелмут Марко, човекот кој го “откри и создаде“ Себастијан Фетел, признава дека четирикратниот шампион во Ф1 не е веќе еден од најдобрите возачи на гридот, а како причина ја истакнува постојаната полемика во Ферари.

Приказната на Марко и Фетел започна од неговата јуниорска кариера до Ф1 со Торо Росо, а потоа секако познатите четири години со Ред Бул каде имаше легендарни успеси.

Но од тој период, Фетел помина 5 години во Ферари со релативно мал успех, додека неговата вредност опадна сред променлива форма и постојани грешки, мали и големи. Во исто време, Шарл Леклер во сестринскиот болид го засени германецот и го направи неговиот живот многу покомплициран.

За жал, морам да кажам дека тој не е веќе еден од најдобрите. Можеби Себастијан е премногу искрен. Тој беше размазен во Ред Бул бидејќи често зборевме искрено еден со друг. Ферари се познати за нивната политика, но не го отпишувајте Фетел сеуште.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ