Марко ја откри суровата реалност за Рикардо

Даниел Рикардо се врати во тимот на Ред Бул како тест и резервен возач, но тимскиот советник, доктор Хелмут Марко, не верува дека австралијанецот моментално е на исто ниво со Макс Верстапен и Серхио Перез.

Рикардо се врати во тимот како тест и резервен возач за сезоната во 2023 година, а неговата улога исто така вклучува работа во симулаторот и комерцијални активности. Во однос на она што Рикардо го постигна досега во симулаторот, Марко донесе остра пресуда.

Споредувајќи го со Верстапен и Перез, Марко изјави дека Дани не е на нивно ниво. Сепак, австриецот нема да открие точно колку е голема разликата помеѓу Рикардо и неговите тимски колеги, истакнувајќи дека тие детали ќе останат во тимот.

Откако го напушти Ред Бул на крајот на 2018 година, Рикардо помина две сезони во фабричкиот Рено пред неговиот лош период со Мекларен да заврши предвреме по сезоната во 2022 година. Марко смета дека осумкратниот победник на трка се променил за време на неговото отсуство од тимот со седиште во Милтон Кинс.

Во Рено и Мекларен му недостигаше едноумноста со која блескаше со нас – вели Марко.

Сигурно се случувало нешто во него што го забавило во неговата конкурентност.

И покрај ова, Марко верува дека одлуката на Рикардо да се повлече од трките, откако претходно ги изрази своите надежи за враќање на Ф1 гридот во 2024 година, било добар избор.

Неговата цел е да се врати во врвен тим – коментира Марко.

Тоа беа неговите изјави И мислам дека оваа пауза од активниот спорт е добра за тој да се пронајде себеси и да знае каде навистина сака да оди.

Марко е задоволен и од придонесот на Рикардо во тимот во неговата нова улога, објаснувајќи:

Тој врши многу добра работа, работи на многу маркетинг и ПР активности.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ