Марк Вебер во одбрана на откажаното Австралиско ГП

Марк Вебер застана во одбрана на шефовите на Австралиското Гранд При откако трката беше откажана на само неколку часови пред почетокот на првата тренинг сесија.

И покрај загриженоста од пандемијата, Формула 1 се реши да отпатува во Алберт Парк во Мелбурн за првата трка од сезоната, но многу брзо се откри позитивен Ковид-19 тест кај член на Мекларен по што следуваше повлекување на тимот, а подоцна и откажување од трка на останатите екипи.

Формула 1 шефовите и организаторите заедно со промотерите на настанот беа цел на критика поради недостатокот на информации, доцното откажување на трката како и немањето едногласност. Сепак, Вебер смета дека ситуацијата која многу брзо се менувала заедно со лажните вести од Европските медиумите донела до хаотичен впечаток дека во Австралија нема контрола.

бевме многу блиску да гледаме трка и беа прашање само неколку часови пред се да почне. мислам дека сите кои беа таму даваа се од себе, имаше неколку несреќни, позитивни тестови во падокот, а потоа следуваше неубава капитулација во моменти кога фановите пристигнуваа на патеката.

беше многу тешко да биде стишена целата работа, медиумите пишуваа секакви вести, пред се оние од италија и беиранија, беа во друга временска зона, работеа и наоѓаа секакви информации. медиумите секогаш ги сакаме, но овој пат не беа продуктивни.

организаторите направија се што може со настанот во тоа време. ни требше главниот, чејс кери, да дојде и да помогне да се разреши целата ситуација и да го откаже настанот – ја појасни забуната вебер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ