Маса: Верстапен сега е подготвен за победа

Поранешниот Формула 1 возач, Фелипе Маса, верува дека Макс Верстапен сега е подготвен да стане шампион по глупавите грешки кои ги правел порано. 

На две трки до крајот, Верстапен води со осум поени пред Хамилтон. Тој дебитираше во 2015 година кога имаше само 17 години и сега за прв пат има шампионски болид. Иако тој отсекогаш бил брз, многу често е критикуван за агресивниот стил на возење. 

Мислам дека во првите две, три години не беше многу константен. Беше брз, но правеше глупави грешки и сите мислеа дека не е зрел.

во вториот дел на 2018 година, тој некако созреа, Почна да прави помалку грешки и да ги почитува правилата. Во таа година, тој имаше силна конкуренција во тимот и наеднаш созреа. Сега мислам дека не прави толку грешки и подготвен е за победа – вели бразилецот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ