Маса верува во Леклер … но не и во Себ

Фелипе Маса, поранешниот долгогодишен возач на Ферари, смета дека Шарл Леклер е иднината на тимот, но истото не може да го каже и за Себастијан Фетел кој ја одработува по се изгледа својата последна година во Маранело.

Себ пристигна во тимот во 2015 година од Ред Бул каде освојуваше четири двојни титули по ред, но сеуште нема наслов со Скудерија, нешто што му беше цел при преселбата во Маранело.

Себастијан во два наврати беше второпласиран во поредокот, но лани заврши на 5то место, дури беше победен на поени и од својот силен, млад и брз колега.

мислам дека ферари темелно ќе го анализираат себастијан сезонава и ќе решат дали да го задржат и следната година или не. мораме да почекаме да почне сезонава за да насетиме како ќе се развиваат работите – објасни маса.

Во врска со Леклер, бразилецот смета дека Ферари постапиле правило што го порпишале возачот од Монако на долг рок решавајќи го возачкото прашање.

тој има долгогодишен договор и со тоа докажаа дека е иднината на екипата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ